ШоуБиз

Beyonce сака уште деца!

Откако на свет ја донесе ќерката Ivy Blue, пејачката Beyonce вели дека дефинитивно сака да има уште деца. Инаку првата ќерка со Jay Z ја добија во јануари.

–          Дефинитивно сакам да имам уште деца. Не знам уште колку, тоа само Бог знае, јас не можам да кажам, – изјавила пејачката.

Иако од секогаш сакала да има големо семејство, Beyonce не сака нејзината кариера да страда поради тоа. Таа е благодарна што има толку исполнет живот и вели дека навистина ќе се потруди да успее во сите сегменти од животот.

Иако се породи пред само четири месеци, таа пред два дена на црвениот тепих во Њујорк покажа завидна фигура. Вели дека по породувањето била на строг режим на исхрана со цел да го симне вишокот килограми. Во слабеењето, особено ѝ помогнало доењето.

Напиши коментар