ШоуБиз

Beyonce се прошета на Карибите со семејството!

Едно од најпознатите бебиња на денешницата, овие денови уживало во свежниот океански воздух, додека мама Beyonce и тато Jay Z се релаксирале на една јахта на Карибите изминатиов викенд за да го прослават празникот Велигден.

За жал, и овој пат папараците не успеале да го уловат лицето на малата Blue Ivy, но за разлика од другите прошетки низ Њујорк, Beyonce дозволила да се видат малите ноџиња на бебенцето додека тие видно расположени се шетале низ островите.

Ова можеби е едно од последните уживања на пејачката пред сериозно да ѝ се врати на работата. Веќе многу наскоро има закажано три концерти за кои подготовките се започнати.

Write A Comment