Додека нејзиниот сопруг Jay Z направи неколку концерти по раѓањето на Blue Ivy, Beyonce генерално се држеше понастрана од окото на јавноста и моќта на сцената.
Но, сето тоа ќе се смени овој викенд во Њу Џерзи. Пејачката има закажано четири настапи во новото „Revel“ казино во Атлантик Сити, а истовремено го објави и правењето на најновото видео со цел да ѝ покаже на јавноста дека се враќа на сцена со полна пареа.
Во видеото, Beyonce признава дека е малку нервозна што по пет месеци ѝ се враќа на својата стара работа и дека ужива во мајчинството.
– Важно е да не се изгубиш себе си и своите животни страсти. Затоа ѝ се враќам на мојата работа, пак во стара кожа! Тоа што станав мајка и имам прекрасна ќерка ме прави само поприземјена, сега повеќе наликувам на вас.