ШоуБиз

Beyonce во фустан на Posh :)

 

Victoria Beckham само што не се онесвестила кога ги видела сликите на кои познатата R&B пејачка Beyonce носи еден од нејзините фустани на настанот организиран од Michelle Obama по повод собирање финансиски средства за сиромашните.

Таа изјавила за списанието „Extra“:

–          Бев возбудена кога ја здогледав – почнав да врескам по сопругот: „David, гледај!“ Beyonce е прекрасна и го има најсовршеното тело. Јас сум голем фан на Beyonce и ова беше голем настан за мене.

Ако вака реагираше за Beyonce, можеме само да замислиме што ќе направи ако ја здогледа Kate Middleton во една од своите креации.

Напиши коментар