ШоуБиз

Би ја препознале ли Мила Кунис во вакво издание?

Кога оди по црвениот тепих, Мила Кунис (28) без сомнеж е една од најубавите жени на планетава. Но, кога не ѝ е погоден денот и таа изгледа како обичен смртник, па не верувам дека вакво издание би ја препознале на улица.

Мила била забележана во Западен Холивуд без трошка шминка на лицето. Испотена и без никаков гламур, уморната Мила се враќала од тренинг во една вежбална во Лос Анџелес. Косата ѝ била собрана во несмасно коњско опавче, а била облечена во широки црни тренерки.

Кога сфатила дека ја сликаат, Кунис веднаш си ставила пар темни наочари за да го сокрие лицето, но веќе било доцна. Фоторепортерите си ја завршиле работата.

 

Напиши коментар