ШоуБиз

Би сакал J Lo да не брза толку со врските!

Jennifer Lopez некако многу брзо го преболе разводот со Marc Antony и сега врската со помладиот Casper Smart станува прилично сериозна. Сепак, еден човек од нејзиниот тим вели дека би бил посреќен кога пејачката не би брзала толку многу да продолжи понатаму со животот.

–          Она што секогаш го посакував за неа е да си даде малку време да запознае некого природно, наместо да им дозволува на некои опседнати дечки да ја прогонуваат, – изјавил нејзиниот менаџер Benny Medina за списанието „Vogue“.

–          Кога опседнатоста станува врска, тоа не ти дава да имаш вистинска врска. За среќа, Jenn никогаш не ги прави работите половично. Секогаш целосно се посветува, без разлика дали се работи за професионални обврски или врска.

Напиши коментар