Се поблиску сте до денот кога ќе треба да заминете на летен одмор, а вие се уште не сте почнале да се подготвувате….
Ние ќе ви откриеме неколку трикови кои ќе ви помогнат за краток период да бидете во топ форма за на плажа.
Пилинг – за затегнување на кожата не ви се потребни скапи третмани, добриот пилинг може да направи чуда.
Согорете ги мастите – мислите дека неколку дена пред одмор неможете да ослабнете неколку килограми, сте се излажале. Започнете го денот со зелен чај, јадете намирници кои лесно и брзо ги согоруваат мастите, како ананас, лути пиперки, а како зачините користете го биберот, карито. Не ја заборавајте водата и зелениот чај.
Дозволете си професионален педикир – убавите нозе мора да ги покажете на плажа, а неуредните стапала може да ја расипат целата слика. Затоа дозволете си педикир пред да заминете на летување и слободно чекорте по песокот.
Уаво и природно лице – не заборавајте да нанесувате крема со висок заштитен фактор, сонцето е непријател број еден кога станува збор за брчките, затоа добро заштитете се и одморете го лицето од шминка.
