Пристигна новата колекција од Италијанската модна куќа INTIMISSIMI. Овие модели, како да се инспирирани од прекрасните летни Сицилијански градини, а се карактеризираат со неутрално пастелни бои и флорални дезени.
Линијата е романтична и сензуална, со бои на цитрон со софистицирана нота, пастелно розови шари и цветови во боја на лотос …
Помеѓу дизајните, има модели кои се ретро, романтични и кои ги изразуваат сензуалните силуети.
Изгледот остава впечаток на кантри ретро амбиент, со флорално овошни дезени, со додатоци на тул и нежни чипкасти додатоци, кои придонесуваат неодолив шарм и стајлинг кој пленува а воедно и не е агесивен и наметлив.








