Убавина

Биди убава секој ден и грижи се за себе!

Убавината дури и да ни е дадена, за да остане треба да се одржува. Секоја жена треба да посветува секојдневно време за косата, кожата, ноктите и телото. Тоа може да ни одземе многу време но ако си направиме неделна програма ќе ни биде многу полесно. Еве неколку важни нешта кои треба да ги имаме во предвид:

Грижата за лицето бара еднаш неделно да ги оформуваме веѓите. Чистењето на лицето навечер треба да ви биде навика. Маската за лице најдобро е да ја правиме за викенд кога сме слободни и имаме повеќе време. Добро е и да посетуваме козметичар кој ќе се погрижи професионално за нашето лице.

Телото за да изгледа добро потребни се физичка активност и вежби. Тоа може да биде фитнес неколку пати неделно, пешачење или трчање.

Грижата за косата подразбира миење 2-3 пати неделно за да не оставате впечаток на мрсна коса и редовно употребувајте балсам и маска. Можете да си правите домашна маска еднаш неделно, истовремено кога ќе правите и маска за лице, за да добиете во време.  За оние со фарбана коса да внимаваат корените да не израснат премногу долги, бидејќи естетски е неприфатливо тоа, верувам ќе се согласите.

Ноктите исто така бараат извесна грижа за да изгледаат убаво и здраво. Не дозволувајте да се појавувате со излупен лак, што изгледа навистина многу лошо.

Исто така не заборавајте да си направите пилинг на кожата еднаш неделно за да паднат мртвите клетки па така кожата ќе изгледа почиста и сјајна.

Напиши коментар