ШоуБиз

Bieber: Сакам да имам семејство на 28 години!

Justin Bieber уште еднаш ја изрази својата огромна желба да стане татко на рана возраст. Музичката ѕвезда која самошто наполни 18 години изјавил дека сака да основа семејство кога ќе наполни 28 години.

–          Се гледам себе си на 28 години со семејство. Тоа е одлична возраст да се основа семејство и сакам да бидам млад татко, – изјавил пејачот.

Сепак за да се оправда пред своите фанови тој додава:

–          Но, тоа нема да се случи така брзо. Сепак, не се гледам само како семеен човек, туку и како успешен човек во тоа што го работам сега. Сакам да бидам и актер и имам идеи околу таа моја желба, – завршува Justin Bieber.

Напиши коментар