Канадската тинејџерска ѕвезда Justin Bieber во четвртокот, за време на промотивната европска турнеја, се онесвестил позади сцената.
Инцидентот се случил откако пејачот во текот на концертот во Париз се удрил во стаклен ѕид. Bieber изјавил дека се чувствувал чудно, но дека некако успеал да ја испее својата последна песна пред да отиде зад сцената, каде се онесвестил.
Лекарите му кажале дека имал потрес на мозокот и дека моментално треба повеќе да се одмара. Justin на Твитер напишал дека му е добро, малку се насмеал за инцидентот и признал дека човек некогаш мора да се нашали на сопствена сметка.
Инаку, пејачот го промивира својот најнов албум „Believe“ низ Европа, а во Осло, каде го дочекала огромна маса обожаватели, биле повредени околу 50 девојки, од кои 14 биле хоспитализирани.
