ШоуБиз

Бијонсе го заштитува името на Ајви Блу!

Бијонсе и Џеј Зи направиле чекор со цел да го заштитат името на својата новородена ќерка, Ајви Блу Картер. Тие аплицирале во Канцеларијата за патенти и заштитни знаци со цел да го заштитат името од можна злоупотреба во маркетиншки цели од страна на компании кои рекламираат производи за бебиња.

Апликацијата била пуштена пред две недели, откако имало неколку обиди да се искористи името за нови серии облека и парфеми. За среќа, од бирото ги одбиле барањата на компаниите со образложение дека името му припаѓа на познато бебе, па самото име на производот може да остави погрешен впечаток кај потрошувачите.

Инаку, Бијонсе и Џеј Зи имаат потоплно право за заштита на името.

Напиши коментар