ШоуБиз

Бијонсе покажа дека е во топ форма на својот 31-ви роденден

Вчера Бијонсе го прослави својот 31-ви роденден. Младата мајка докажа дека е во топ форма, и одлична кондиција иако нејзиното бебе има само неколку месеци.

Во едно интервју Бијонсе изјавила: Јас сум среќна мајка. Мајчинството навистина ме направи подобар човек. Но, мислам дека е време да се вратам на сцената. Добро е што страста која ја чувствувам кон музиката е иста, па затоа и едвај чекам да започнам со напорните тренинзи за кореографија и да влезам во студио да снимам.

Се чувствувам како да почнав од нула и стигнав до десет. Сега продолжувам од онаму каде што застанав. Се надевам дека ова позитивно ќе влијае на сите млади мајки кои треба да се вратат на своите кариери, и нормално децата да ги стават на прво место.

Бијонсе својот роденден го прослави со сопругот Џеј Зи и малата Блу Ајви.

Напиши коментар