ШоуБиз

Бијонсе си отиде дома… со полни раце :)

Малата Ајви Блу Картер и гордата мајка ја напуштиле болницата „Ленокс Хил“ во Њујорк. Бијонсе и Џеј Зи ја однеле малата принцеза дома, а се шушка дека за целата приватност околу породувањето потрошиле дури 1,3 милиони долари. Која иронија, се тепаат да станат познати, а потоа плаќаат за се сокријат од очите на јавноста.

Како и да е, Бијонсе по три дена престој во болницата, повторно си е дома. Наводно ја напуштила болницата околу 1 часот по полноќ, а пред болницата ги чекал автомобил. Се упатиле кон луксузната куќа на Мехнетен.

Додека Бијонсе била во болницата мерките на безбедност околу неа и малата Ајви биле неверојатно строги, па некои родители чии деца биле во болницата имале право да бидат лути.

Напиши коментар