Познатата пејачка на 19 август, по повод Светскиот ден на хуманоста, во салата на Генералното собрание на Њујорк, со фановите во живо ќе го сними спотот за песната “I Was Here”.
Бијонсе пред неколку дена на својот сајт напишала дека на 19ти август ќе се случи нешто многу важно, а сега открила дека се работи за уште една во низата хуманитарни кампањи.
“Секојдневно гледаме вести за луѓето кои живеат во беда и размислуваме како да им помогнеме. Светскиот ден на хуманоста е идеална прилика на сите да им покажеме дека ни е важно и да влијаеме на сите да погледнат околу себе и да им помогнат на оние на кои тоа им е потребно”, порачува Бијонсе.
