ШоуБиз

Бијонсе за прв пат го прошета бебенцето :)

Вчера во Њујорк, Бијонсе и Џеј Зи за прв пат се забележани во јавност заедно со својата ќеркичка Ајви Блу. За жал, детето бил толку завиткано во прегратките на грижливата мајка што немало шанси да се направи слика на која Ајви се гледа. Лицето ѝ било прекриено со црн шал.

Пејачката е облечена во секојдневна комбинација, со црни, кожени панталони, црни очила за сонце и чизми. Џеј Зи ја придружувал цело време, а покрај нив имало и неколку телохранители. Двојката не останала долго во кафулето во кое седнале, за половина саат решиле да си одат, а папараците велат дека причината за тоа е што на Бијонсе не ѝ било добро.

Напиши коментар