Здраво тело

Билки кои најмногу одговараат според крвната група

Билките се одлична превенција, но и лек. Секоја крвна група си има билки кои најмногу и одговараат. Еве кои се тие:

А се поврзува со кантарионот. Личностите кои се со крвната група А имаат осетлива кожа и слузокожа, слаб имунитет, и преосетлив желудник. Ова се билките кои најмногу ви одговараат:

–          Бел глог помага за регулација на работата на срцето

–          Женшен го регулира притисокот

–          Кантарион, тој е природен седатив и имуно стимуланс кој помага за смирување, и го регулира стресот

Листот од малина им годи на оние од крвната група Б. Луѓето од оваа крвна група имаат проблематичен панкреас, дигестивен тракт, а и имунитетот не им е силна страна. Затоа на нив им се препорачуваат следниве билки:

–          Лист од малина за регулирање на нивото на шеќер во крвта

–          Жалфија за урамнотежување на женските полови хормони

–          Магдонос, за да се исчисти песокот од бубрезите

–          Ѓумбир, за да се подобри циркулацијата

Магдонос и хмељ за крвната група 0. Најслабите точки кај луѓето од оваа крвна група се жолчната кеса и бубрезите, заради што се склони кон создавање на камен. Затоа се препорачуваат следниве билки:

–          Хмељ, ги чисти бубрезите, мочните канали

–          Липа, чајот од липа опушта и го релаксира целиот организам

–          Глуварче, чај од неговиот корен го подобрува работењето на дебелото црево

АБ го сака зелениот чај. Со оглед на тоа дека оваа крвна група ги попримува карактеристиките од крвната група А и Б, на луѓето од оваа крвна група им се препорачуваат широк спектар на билки:

–          Зелен чај, што е природен имуно стимуланс

–          Лист од јагода, го регулира нивото на шеќер во крвта

–          Билките кои се препорачуваат за А и Б крвната група се дозволени

Напиши коментар