ШоуБиз

Биографијата на Kim хакната!

Биографијата на американската старлета Kim Kardashian на страницата imdb.com е хакната, а на нејзина сметка се упатени многу навреди и понижувања.

Оригиналната биографија на Kim е заменета со лоши изјави за нејзината кариера. Во истиот момент кога била забележана активноста на хакерите, таа била отстранета.

–          Kim Kardashian е симбол на американската плитка култура во првите две декади на 21-виот век. Додека некои културни критичари ги сметаат за личности со лажна слава, други велат дека Kim и Paris се нова врска „мачки“ чија слава доаѓа по објавувањето на порно снимки и мудрото искористување на стекнатиот публицитет. Америка, како и стариот Рим, ги отфрли моралните вредности и сега може да ужива во срамот кој ѝ се нанесува, – пишувало во заменетата биографија на старлетата.

Напиши коментар