Мода

Birkin Bag – кралицата на чантите

Рачно изработените кожни чанти на модната куќа Hermès, која пак името го има добиено по актерката Jane Birkin, веќе 20 години се статусен симбол. Цените на легендарните чанти варираат, зависно од материјалот од кој се направени. Чантите се доставуваат низ бутиците на Hermès во непредвидливи термини и ограничени количини и така создаваат фама и ексклузивност. Овие чанти добиле статус на икона, во периодот на фамозната актерка  Jane Birkin, која се пожалила дека подолго време не може да најде адекватна кожна викенд чанта.

Две години потоа, специјално за неа е креирана првата чанта која ја исполнила нејзината желба и од тогаш овие чанти се неодолива потреба за секоја жена. Специфично кај овие чанти е што купувачот не го плаќа само готовиот производ, туку самата рачна изработка. Цените зависат од повеќе карактеристики, во зависност од материјалот кој може да биде од кожа на гуштер, крокодил, ној, боите кои градираат од бебешко сина до маслинесто зелена, бежова, морско сина, додатоците како злато, дијаманти, а интересно е што повеќе „вредат“ помалите чанти, отколку помасивните. И самата внатрешност е обложена со кожа, така што уште повеќе се зголемуваат елеганцијата и софистицираноста. На самиот крај, со логото на Hermès чантата е спремна да се најде во рацете на урбана и елегантна дама, а поради прецизната изработка, полирањето и фарбањето, секоја жена ќе се согласи дека колку и да се цените високи- вредат.

Бидете и вие една од тие жени !

Напиши коментар