Sweet Home

Бисерот на црната школка – врвно дизајнерско издание во Аргентина

Изразот „ Црното е убаво и едноставно“ совршено го опишува дизајнот на Casa Negra ( Црна куќа ), дизајнирано од студиото Andes Remy.

Овој несекојдневен дом, наменет за млад пар се наоѓа на околу 30 километри од Буенос Аирес, Аргентина, во спектакуларно природно опкружување, недалеку од прекрасно езеро.

Casa Negra, куќата на современиот и луксузен дизајн, навистина изгледа зачудувачки и го оправдува името што го носи. Чистата бела внатрешност е во контраст со апсолутно црната фасада, создавајќи провокативна атмосфера. Животниот стил на младиот пар без деца ги постави основните параметри за проектирање на овој простор, па така, „делот за дружење“ е поделен на два дела. Од една страна се поставени кујната и трпезаријата, а на другата страна, поблиску до езерото е дневната соба. Плиткиот базен, кој ја дели куќата на два дела, индиректно овозможува ентериерот да сјае, кога зраците од сонцето од северната страна, се рефлектираат на површината на водата. Овие два простори се поврзани со стаклен мост под кој тече вода.

Дневната соба, долга 5 метри и широка 10 метри е отворена кон екстериерот со голем стаклен ѕид. Поставувањето на нивото кое е пониско од остатокот на куќата е проодно и отворено кон езерото. На предната страна се наоѓаат идните детски соби со поглед на езеро. Спалната соба е поставена како мост, поврзана е со првото ниво и има прекрасен поглед кон езерото. На моменти се чини како да лебдите над водата.

Минималистичкиот дизајн е видлив и во екстериерот и во ентериерот на куќата. Црниот мермерски оклоп ги нагласува карактеристиките на минимализмот и нуди малку докази за белиот, отворен и воден простор во внатрешноста и како школка ги штити приватноста и неприкосновеноста на луѓето кои живеат во овој дом. Набљудувана од страна, оваа школка изгледа црно и немилосрдно, но нејзината отвореност кон водата и светлиот ентериер, ја претставуваат нејзината душа.

 

1 Коментар

Одговори на mirko Откажи одговор