Мојата кујна

Бисквити со лешник

Бисквити во кои главена намирница е лешникот не може да биде погрешен избор како додаток на кафе, чај, млеко или утрински вкусен сок.

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

За 20 бисквити
115 грама путер
75 грама шеќер во прав
115 грама брашно
75 грама лешници
1 жолчка од јајце
20 цели лешници за декорација

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

Со миксер за матење изматете ги путерот и шеќерот додека не формирате лесна, пенаста смеса. Потоа додадете го брашното, мелените лешници и јајцето.

Од така подготвената смеса црпнете со голема лажица одредена количина и истата обликувајте ја во форма на топче. Врз секое топче ставете по еден цел лешник.

Формираните топчиња ставајте ги на (претходно обложена со хартија за печење) тава за печење со околу 2 до 3 сантиметри раздалеченост.

Печете во веќе загреана рерна на 180 степени Целзиусови, 10 минути додека бисквитите не добијат златна боја.

Испечените бисквити посејте ги со шеќер во прав и оставете да се оладат.

Уживајте!!!

Напиши коментар