Режисерот Реџ Тревис ќе одговара пред судот на 17-ти јули за силување.
Тревис, 35, беше во врска една и пол година со Ејми Вајнхаус, која изненадно почина.
Неименувана девојка го пријавила режисерот дека ја силувал, за сега под необјаснети околности. Од пријавата се дознало само дека немилиот настан се случил околу Нова Година. Тревис изјавил дека планира на судот да му ја докаже вистината, а тоа е дека тоје невин.
Инаку Тревис неодамна изјави дека тој и Ејми планирале да имаат дете, но смртта ги спречила во нивните намери.
