ШоуБиз

Бившите мажи на Деми Мур загрижено во посета :)

Ештон Качер сериозно се загрижил за здравјето на својата поранешна сопруга и одлучил да ја посети. Таа е пуштена од болница дури вчера, а Ештон веднаш тргнал за Лос Анџелес со цел да ја посети. Ист автомобил како неговиот е снимен пред домот на Мур, па оттука потекнуват и гласините дека тој ја посетил.

Покрај него, се шушка дека кај Деми во посета бил и Брус Вилис, со кој Деми има три заеднички деца. Иако дефинитивно ѝ е потребна терапија, Деми одбива да оди на лечење, а со тој став ги загрижува сите околу себе. Помош ѝ е потреба не само поради емоционалната состојба, туку и поради анорексијата од која боледува.

Со оглед на тоа што Мур од секогаш се грижела за својот беспрекорен имиџ, веруваме дека најтешко ќе ѝ падне тоа што нејзиното име речиси секој ден е во медиумите и тоа не за добро.

Напиши коментар