ШоуБиз

Бизарната двојка не престанува да изненадува!

Разликата во години за нив не претставува никаков проблем, а тоа го покажуваат на секој чекор каде и да се забележани.

Иако дошла само на плажа, 17-годишната манекенка Courtney Stodden не ги извадила своите огромни штикли со голема платформа од нозете, а за рака цело време го држела својот 34 години постар сопруг, актерот Doug Hutchison.

На многумина оваа љубов им е трн во око, но тие за тоа воопшто не се грижат. Ја користат секоја прилика да се појават во јавност заедно и притоа не ги тргаат рацете еден од друг. И овој пат така постапиле, со тоа што младата Cortney приредила вистинско шоу за папараците.

Погледнете и сами како изгледа оваа љубов на слика.

Напиши коментар