ШоуБиз

Бизарни колекции на славните!

Славните луѓе се мета на сите обични смртници. Но, кои се нивите цели и интереси? Што ги фасцинира познатите актери и музичари? Составивме листа на десет најбизарни колекционери меѓу светските ѕвезди.

10) Rod Stewart – Макети на возови

Познатиот заводник и музичар во своето слободно време обожава да собира макети на возови и тоа е негова опсесија. Тој долго време ја скривал оваа пасија од јавноста со цел да не си го наруши имиџот.

9) Kiefer Sutherland – Гитари Gibson 

Ѕвездата од серјалот „24“ е опседната со собирање гитари. Според последните информации има дури 38, а сите ги чува во своето студио кое го отворил за да ги храбри младите луѓе да се занимаваат со музика. Освен што собира, тој и свири на гитара. Последно, од брендот Gibson именувале една гитара во негова чест.

8 ) Quentin Tarantino – Игри зановани врз серии и филмови

Тој гордо ја покажува својата колекција, а омилена игра му е “Dawn of the Dead and Universe”.

7) Reese Witherspoon – Стара постелнина

Оваа навика е резултат на долгогодишно собирање на античка постелнина на актерката и ретко кој би можел да ја поврзе совршената Reese со едно вакво невообичаено хоби.

6) Brad Pitt – Уметнички дела од метал

Актерот обожава да собира уметност од метал. Не знаеме за што точно се работи, но во една прилика се јавил во галеријата во Базел и платил милион долари за едно дело на Neoa Raucha.

5) Nicole Kidman – Монети од Јудеја

Освен што обожава да игра Nitendo, Nicole веќе долго време собира стари, ретки израелски пари. Не знаеме колкава е нејзината колекција, но познато ни е дека тоа е нејзина голема страст.

4) Tom Hanks – Машини за пишување

Tom има преку 200 вакви стари машини за пишување за кои тврди дека совршено функционираат и ден денес. Еден таков примерок го носел на своите снимања ширум светот.

3) Angelina Jolie – Ножеви

Актерката има импресивна колекција ножеви. Нејзината мајка ѝ го купила првиот нож кога имала 12 години и оттогаш таа внимателно ги собира.

2) Claudia Schiffer – Инсекти

Манекенката обожава инсекти и ги собира препарирани. Наводно во својот дом има бројни слики со инсекти, а својата последна модна лнија била инспирирана токму од инсектите.

1) Johnny Depp – Што не собира?

Актерот собира костури на гулаби, работи од добата на арт деко, ракописи на писателот Jack Kerouac и слики со лик на кловн. Баш како што може да се очекува од Depp. Тој секогаш се разликува од останатите.

Напиши коментар