Здраво тело

Благодатите на белото и црвеното вино

Оние кои ќе се одлучат да го празнуваат Св. Трифун, секако дека денешниот ден ќе го поминат во друштво на убавата капка…Во чест на заштитникот на лозјето, Ви претставуваме неколку факти со кои ќе ви ги прикажеме благодатите од пијалокот на Боговите- Виното…

Луѓето со векови ги користат благодатите од виното, а во последните неколку години е докажано дека тоа е „супер храна“ која го заштитува телото од многу болести. Исхраната, која вклучува редовна консумација на виното, ја намалува смртноста од 30% до 50%.

Црвеното вино е навистина одлична комбинација од најмоќните антиоксиданси. Дури, помоќни и од витамините Ц и Е. Овие состојки се наоѓаат во лушпите од грозјето.

Освен состојките важни за човечкиот организам, самиот алкохол ( нормално, во умерени количини) има моќно и полезно дејство, зголемувајќи ја апсорпцијата на други антиоксиданти, го зголемува нивото на добар холестерол во крвта , спречува згрутчување на крвта, релаксира и ги спречува штетните влијанија на стресот. Бидејќи белото и црвеното вино имаат слични количини на алкохол, имаат ист позитивен ефект врз телото.

Постојат многу фактори кои го одредуваат квалитетот на виното:  сортата грозје, регионот, климата, составот на почвата, процесот на правење вино и дали истото е чувано во дабово дрво. Постојат и разлики помеѓу белото и црвеното вино. Пример, белото има помалку калории од црвеното вино, така да тоа е соодветно за оние кои внимаваат на телесната тежина. Сепак, со оглед на благодатите, изборот е Ваш…Користете ја секоја капка од овој магичен пијалак во служба на Вашето здравје…

Одлучете…бело или црвено вино ?

На здравје !!!

Напиши коментар