Здраво тело

Благодети од краставиците

Краставицата е зелечук кој ни дава идеално освежување во летните денови поради високото количество вода.

Нутритивна вредност на краставицата:

  • Мала енергетска вредност (во 100 гр има 14 калории), освен вода содржи 1,8 гр јаглехидрати, 0.7 гр белковини, 0,5 гр масти.
  • Од минерали најмногу содржи калиум, фосфор, калциум, натриум.
  • Од витамини содржи витамин Ц и малку витамин Б комплекс.
  • Свежата краставица на 100 гр има 0,4 гр растителни влакна.

Лековити својства на краставицата:

  • Иделна за диета
  • Во народната медицина се користи за лекување на шеќерна болест, а научниците потврдија дека има хемиски својства слични на инсулинот.
  • Сокот од краставица е одлично средство за одржување на здраво сврзувачко ткиво на мускулите и ’рскавиците.
  • Ренданата краставица ги отстранува подочниците подобро од краставицата на тркалца.
  • Поради количеството вода, краставицата е одличен диуретик.

Напиши коментар