Мојата кујна

Бланманже со овошје

Преубав, квалитетен желатинозен десерт со овошје…

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

1 килограм несолено крем сирење

4 супени лажици желатин

0,5 литра млеко

200 грама павлака

1,5 чаша шеќер

3-4 мелени ореви

Овошје ( свежо, замрзнато или од компот )

Ванилин шеќер

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

Желатинот се раствара во млекото и се остава на страна еден час. Спремете две чинии. Во едната, сипајте половина од сирењето, павлака, половина шеќер и ванилин шеќер. Смесата се мати се додека шеќерот не се раствори. Другата половина од материјалот се става во друга чинија. Во една чинија се меша какаото, во друга оревите.

Желатинот повремено се загрева додека сосема не се стопи. По половина, се става и во двете чинии и добро се меша.

На дното од чинијата за сервирање, наредете еден вид овошје ( насецкано или цело ). Врз него се прелева едната смеса, врз која се реди друг вид овошје, а врз него пак, се прелева втората смеса. Така, наредени, чиниите се оставаат во фрижидер да отстојат, најмалку два часа.

Уживајте!!!

Напиши коментар