Motherhood

Блесави гаџети врзани за бременоста

Во време на современата технологија, се појавија многу изуми. Некои од нив се поврзани со бременоста. Може се и практични но нам ни се видоа како блесави.

УСБ стик тест за бременост

Да овој гаџет помага да се дојде до одговорот дали сте бремени или не. Принципот е ист како кај тестовите за бременост. Но тука не станува збор за обојување, туку целата работа ја завршува софтвер кој го мери нивото на хормони. И не само тоа… Тој ќе ви даде точни информации  за терминот на породување.

Стетоскоп за снимање на отчукување на срцето бебето

Секоја идна мама е нестрплива да го чуе малото срце на своето бебе. Повеќето од идните мајки за тоа задоволство мораат да го чекаат првиот ултра звук. Но со овој МП3 стетоскоп тоа можете да го наравите во првите неколку недели од бременоста. Задоволството е навистина големо, срцето на вашето бебе, вашата радост секогаш ќе ви бидат достапни.

Рачен часовник за кој го мери времето на вашата бременост

Со овој интересен гаџет Вие секогаш ќе знаете во која недела од бременоста се наоѓате. “Baby boom”  часовникот не само што ќе го знае секој детал од вашата бременост туку ќе ви предложи и име за вашето новороденче.

Kick bee, гаџет

Со овој интересен изум, кој се става на вашата половина и врши мониторинг на движењето на бебето во утробата, Вие секогаш ќе биде известени дали вашето мило е во потребната природна положба на телото во утробата.

Џепен ултра звук

Не е наменет да го замени вистинскиот ултра звук. Меѓутоа како што велат изумителите на овој гаџет, тој може да се користи за погруби проценки за бременоста со веројатност од 70 проценти.

Напиши коментар