Bridal

Блумарин венчаници за романтични невести

Пролетната колекција на венчаници на Блумарин е наменета за романтични невести кои сеуште ја имаат детската невиност и веруваат во бајките и во среќните краеви.

Нежните долги фустани украсени со кристали и нежна чипка одлично одговараат со нежна шминка и фризура за романтичен и елегантен изглед.

Наместо огромни корпи и многу слоеви, венчаниците на Блумарин ја следат линијата на телото и нежно паѓаат од струкот, давајќи и на невестата изглед на нежна самовила. Колекцијата е составена од снежно бели венчаници, но и венчаници со бледо розеви нијанси.

 

Напиши коментар