Керозин

BMW M10

BMW нема да користи централно поставен мотор за моделот M10, односно моторот ќе биде надолжно монтиран во предниот дел. За моторот кој ќе се користи постојат повеќе гласини. Некои велат дека ќе биде V10 моторот од моделите M5/M6, кој ќе пренесува околу 550 коњски сили. Друга можност е исто така 4,0 литарски V8 мотор кој се користи во моделот М3.

Друга опција ќе биде V12 -ката изведена од тековниот V10 кој се користи во М5 и М6. Во секој случај, автомобилот се очекува да биде со погон на задните тркала, со моќност значително повеќе од 500 коњски сили.

Се очекува дека новиот BMW М10 ќе биде клон на концептот CS прикажани на авто-саемот во Шангај кој доби голем поттик кога главниот извршен директор на BMW во Северна Америка потврди дека концептот CS ќе стапи во производство.

 

Напиши коментар