ШоуБиз

Bobby Brown упорен да заработи на Whitney!

Bobby Brown веќе извесно време се обидува да го продаде сценариото за својот животот со наслов „The Bad Boy of R&B: The Bobby Brown Story“, а ненадејната смрт на неговата поранешна сопруга Whitney Houston го натерала да направи мали измени во приказната.

Заедно со директорот на њујоршката продуцентска куќа „Black House Media“ Michael Pinckney, музичарот ја додава и трагичната смрт на Houston во мемоарите.

–          Сценариото го напишавме во декември и во него се говори за нивниот живот и брак. Сега ќе го промениме крајот на приказната и ќе ја понудиме на продуцентите, – изјавил кратко Pinckney.

Bobby би сакал во филмот да се појави и неговата ќерка Bobby Christina, но тоа засега не е потврдено.

Напиши коментар