На премиерата на филмот ‘Sparkle’, место под рефлекторите на покојната Витни Хјустон завземала и нејзината ќерка Боби Кристина која на црвениот тепих се појавила, рака под рака, со Ник Гордон, посвоениот син на својата мајка. Прв пат во јавноста се појавуваат како двојка. Со месеци по смртта на Витни, по многу гласини и фотографии кои овие шпекулации ги потврдуваат, младите љубовници за прв пат прошетале на црвениот тепих заедно.
Кристина својот стајлинг го дополнила со дијамантскиот прстен на нејзината мајка.
Витни го земала Ник под своја закрила кога имал 12 години, бидејќи неговиот татко завршил во затвор, а неговата мајка не можела да се грижи за него, па така тој и Боби Кристина полни 10 години живееле како брат и сестра. Шпекулациите дека се заедно добија потврда кога Ник на Твитер се изјаснил за гласините кои почнале да циркулираат: “Да, малку се зближивме и што сега!”.




