ШоуБиз

Богат сум лесно ќе си најдам нова жена

Арнолд Шварценегер повеќе од очигледно е бесен на сега веќе поранешната сопруга Марија Шрајвер, што таа не сака да му даде втора шанса на него и нивниот брак.

Откако тој изрази желба за смирување, а на тоа Марија воопшто не му возврати, Арнолд се реши дека веќе нема потреба да прави било што за да ја врати. Сега тој живее сам во вилата во која некогаш живееше со своето семејство.

Наводно Арнолд изјавил: Нема зошто да се грижам и да тагувам. Ако не се смириме со Марија, понатаму верувам дека се ќе се среди и ќе си дојде се на свое место. Богат сум и можам во било кое време да најдам нова девојка со која ќе уживам.

 

Напиши коментар