Убавина

Бојата на сенки за очи во зависност од годшното време

Секако дека најправилно е да ја одбираме бојата на сенка за очи во зависност од нашиот тен, боја на коса и боја на облека. Но, постои и уште еден начин кој може да биде интересен за оние кои сакаат да експериментираат со шминката.

Во пролет

Палетата на сенки во пролет треба да ги има боите од праска па до манго, боја на јаболко, небесно сини, и сите оние бои кои ги имаат пролетните плодови.

Во лето

Палетата на сенки во лето би требало да ги има: од ледено сина, темно розева, елегантните бои на кокосова кора, смарагдно зелена, бронзени тонови…

Во есен

Палетата на сенки во есен би требало да ги има: шумско зелените, светло и темно тиркизни, темно виолетови, темно портокалови нијанси.

Во зима

Во зима палетата на бои треба да биде полна со исклучително ладни бои како што се: бела, црна, кралски сина, ледено виолетова, темно црвена…

Write A Comment