Sweet Home

Бојата на спалната соба ја открива вашата личност

Топлите бои во домот внесуваат живост, а ги бираат луѓето кои сакаат да се дружат, додека неутралните бои се избор на исклучително практичните личности.

Каква ќе биде вашата спална соба зависи од вашата личност. Бојата на ѕидовите ве откриваат каква личност сте вие.

Топлите бои кои се поврзуваат со сонцето, бојата на праската и портокаловите бои, ги одбираат луѓето кои се позитивни и кои сакаат да се дружат.

Опуштање низ ладни тонови

За разлика од топлите бои, тие се помалку интензивни и најчесто ги бираат луѓе кои од својот дом сакаат да направат оаза за опуштање. Таквите луѓе по природа се затворени и им одговара самотијата.

Креативците одбираат интензивни бои

Нијансите на рубин, смарагд, сафир, или топаз ги бираат креативните луѓе кои од таквото окружување црпат инспирација. Таквите нијанси во домот внесуваат гламур и создаваат чувство на интимност.

Неутралните бои се одраз на практичноста

Бела боја, боја на слонова коска, кремасти нијанси… овозможуваат лесна комбинација при уредувањето на домот. Нив ги одбираат луѓето кои не сакаат многу да се заморуваат, кои се практични и лесно ги прифаќаат работите.

Напиши коментар