Sweet Home

BOLLA – Најновиот и најдобар концепт на осветлување…

Кога BOLLA ( меур ), светне како необично око од некоја друга планета, може да помислите дека вонземјанците ни дошле во посета…Сепак, не паничете! Ова е само најновиот концепт на осветлување.

BOLLA е копродукција на италијанската компанија Incontroardito и дизајнерот Domenico Di Palo. Создадена е за да извлече емоции затворени во примитивизмот на симболот. Овој концепт претставува откривање на самата суштина на оригиналинот материјал со неговите природни извори: оган, сонце и светлина.

BOLLA е повеќеслојна монолитна плоча, добиена со преклопување и лепење на плочи од различни стаклени и синтетички материјали, кои се спојуваат во единствен блок. Како мешавина од различни материјали, претставува совршена метафора на природниот свет: камен, мермер и кристали…Светлината од природните и вештачки извори, доаѓа во контакт со кристалот и генерира ново светло, кое доаѓа на индиректен начин како конечен остаток од објектот кој емитува светлина благодарение на самиот кристал.

Употребата и примената на BOLLA системот се повеќекратни: Совршено се вклопуваат во екстериерот на зградите и хотелите, а може да се употребува и како ентериер во: рецепции, барови, ресторани, теретани и wellness центри.

Напиши коментар