ШоуБиз

Bon Jovi на вечера со Barack Obama :)

Американскиот пејач Jon Bon Jovi уживал вистински претседателски третман во авионот на американскиот претседател Barack Obama.

Bon Jovi му се придружил на Obama на неговиот лет од Вашингтон до Њујорк. Рокерот, кој досега ревносно ја поддржува Демократската партија, треба да настапи на претседателската добротворна вечера во хотелот Waldorf-Astoria.

Jovi често се дружи со демократите, а пред изминатите избори во својот дом организирал собирање на финансиски средства за кампањата на Obama. Се очекува наскоро да им се придружи и Bill Clinton, па заедно да присуствуваат на гала вечерата за која една карта чини 2.500 долари, а ќе се одржи вечерва.

Write A Comment