ШоуБиз

Bono од „U2“ стана најбогат музичар на светот!

Фејсбук конечно се најде на берза, а во продажба се пуштени скоро 422 милиони акции по почетна цена од 38 долари по акција. На овој начин, најпознатата социјална мрежа ќе заработи 21 милијардa долари, а 28-годишниот Zuckerberg ќе стане мултимилијардер. Околу илјада вработени во Фејсбук преку ноќ станаа милионери, а најмногу музичарот од „U2“.

Фронтменот на групата „U2“, Bono Vox стана милијардер и со тоа го зазеде местото – најбогат музичар на светот. Тој има 2,3 проценти удел во Фејсбук и со овој потег му го презеде лидерското место на досега најбогатиот музичар Paul McCartney.

Во социјалната мрежа вложила компанијата на Bono, која се занимава со инвестиции.

Напиши коментар