ШоуБиз

Боно е најбогат рокер!

Откако акциите на социјалната мрежа Фејсбук ќе се најдат на берза, славниот пејач од групата U2 ќе стане најбогатиот рокер на планетава.

Боно поседува 1,5 проценти од најпопуларната социјална мрежа и тое преку капитал кој неговата приватна компанија „Elevation Partners“ го вложила во Фејсбук. Според проценките на економските експерти, неговите акции до крајот на годината ќе вредат нешто помалку од милијарда долари.

Во 2009 година, фирмата на Боно ги платила овие акции 90 милиони долари, а кога Фејсбук ќе излезе на берза, дури и најмалите акционери на Фејсбук ќе станат богати. Тогаш Боно ќе му го преземе тронот на Пол Макартни кој досега важеше за најбогат рок музичар.

Со вкупно милијарда и 100 илјади долари, Боно ќе има околу 300 илјади долари повеќе од Макартни.

Напиши коментар