ШоуБиз

Bono Vox: Не сум милијардер!

Пејачот на групата „U2“, Bono Vox ги демантирал наводите дека станал милијардер благодарение на порастот на вредноста на Фејсбук.

Bono исто така го негира наводите дека станал најбогат музичар на светот и дека од првото место го симнал Paul McCartney, чие богатство се проценува на нешто повеќе од една милијарда долари.

–          Спротивно на написите, јас не сум милијардер и никогаш нема да бидам богат како „Beatles“. Во никоја смисла. Тие се недопирливи, – бил коментарот на Bono.

Според него, акциите кои тој ги поседува во Фејсбук не вредат 1,5 милијарда долари, како што се мислеше досега. Пејачот е сопственик на точно 2,3 проценти од акциите на Фејсбук, а ги купил во 2009 година, кога го чинеле само 90 милиони долари.

Напиши коментар