Дестинации

Боробудур – Најголемиот храмски комплекс во Југоисточна Азија

Боробудур ( често и Борободур ) е најголемиот будистички храмски комплекс во Југоисточна Азија. Оваа голема пирамида се наоѓа 40 километри северозападно од Yogyakarte на островот Јава.

Пирамидата е изградена најверојатно помеѓу 750 и 850 година за време на владеењето на династијата Саилендра. Со векови била покриена со вулкански пепел, додека Европјаните не ја имаат откопано. Во периодот помеѓу 1973 и 1984 година во рамките на големиот проект на обнова, големото дело, повторно блесна во сиот свој сјај.

UNESCO во 1991 година му додели статус на објект на светско културно наследство.

На површината, чии страни се долги 123 метри, се издигнуваат вкупно 9 спратови. На ѕидовите на првите четири степенести тераси се наоѓа релјеф долг повеќе од 5 километри кој всушност го прикажува животот и делувањето на Буда. Над овие пак се наоѓаат следни три концентрирано изградени тераси со вкупно 72 влезови од кои главниот има дијаметар  11 метри.

Напиши коментар