Убавина

Босилокот во служба на убавината

Босилокот не само што е идеален зачин кој и дава неверојатен вкус на храната, тој е лековит, а исто така е и одличен сојузник за убавината.

За здрава коса и кожа

Нашравете јак чај од босилок и со него измивајте ја косата. Во исто време масирајте го коренот, тоа ќе ја забрза циркулацијата. Забрзаната циркулација го поттикнува растот, а и вашата коса ќе биде посјајна.

Против темните флеки на лицето

Направете смеса од босилок, куркума и нане. Во смесата ставете и малку вода. Нанесете ја на лицето и оставете да делува. Со често практикување на оваа маска флеките на лицето ќе почнат да избледуваат.

Маска за хидратизација на кожата

Направете смеса од испасирано авокадо, босилок и маслиново масло. Оваа маска оставете ја да делува 20 минути. Потоа измијте се со млака вода.

Направете купка со босилок

Во када полна со топла вода ставете неколку гранчиња босилок. Уживајте во прексрасната арома, а воедно и кожата ќе се нахрани со потребните витамини.

Напиши коментар