Motherhood

Божиќ – јачината на семејната традиција

Божиќ како еден од најголемите христијански празници одсекогаш бил можност за создавање на здрави семејства. Семејствата за време на овој празник  создаваат заедничко чувство на добробит. Добробитот се состои од физичкото, менталното, емоционалното и социјалното здравје на поединецот. Силните, здрави семејства се подржуваат и охрабруваат меѓу себе за да бидат оптимистички, надежни и да истраат заедно за да успеат како поединци и како семејства. Во силните, среќни семејства секој има право да се чувствува безбеден, комфорен, среќен и сакан. Родителите се изложени на предизвикот и ја имаат одговорност да обезбедат соодветен пример за нивните деца и средина во која тие ќе растат.

Родителите треба да го искористат вистинското значење на празникот над празниците и да создадат чувство на:

Заедништво

Заедништвото создава “лепак” за семејствата да развијат чувство на припадност. Заедништвото значи споделување на слични вредности, верувања и морал. Децата се гледаат како важни членови од семејството кои имаат силно чувство на припадност кон семејството. Силното, среќно семејство се држи заедно низ патеката на животот.

Приврзаност

Приврзаноста се покажува преку искрено споделување на чувствата преку гушкање, галење и бакнежи. Силните, среќни семејства си кажуваат како се чувствуваат, ги почитуваат чувствата на другите и покажуваат грижа, загриженост, почитување и интерес еден кон друг.

Поддршка

Секој член на семејството знае дека членовите на семејството секогаш ќе бидат подготвени да му помогнат и ќе бидат заинтересирани за него. Во едно силно, среќно семејство секогаш на прво место давањето и примањето на помош и подршка.

Христос се роди!!!

Напиши коментар