Motherhood

Брачните парови – поздрави…Оние кои живеат заедно – посреќни ?

Паровите кои живеат заедно, се посреќни од паровите кои се во брак, откриваат американски истражувања спроведени на 2.733 луѓе.

Кратко после стапувањето во брак или почетокот на заедничкиот живот паровите биле неверојатно среќни и не биле толку депресивни како самците, но нивното добро расположение набргу исчезнало. Всушност, слободните посилно ги одржувале врските со пријателите и фамилијата, што го намалува стресот и ризикот од менталните болести. Здравјето кај брачните парови се подобрило, додека паровите кои живееле заедно се чувствувале посреќни и посамоуверени.

-Заедничкиот живот не носи толку обврски, како што е случај со брачниот и нуди поголема флексибилност и самостојност. Се повеќе луѓе го избегнуваат бракот и тоа ја менува семејната структура. Овие промени ги поместиле границите и ја довеле до прашање разликата помеѓу бракот и заедничкиот живот.

Браковите имаат деца, за разлика од паровите кои живеат заедно и тоа привремено им ја намалува среќата поради станувањето и недоволното спиење.

Напиши коментар