ШоуБиз

Bradley Cooper повторно сингл!

Ѕвездата од филмот „Аватар“ Zoe Saldana ја прекинала врската со најсексипилниот маж на светот Bradley Cooper.

По три месеци врска и заедничко излегување двете филмски ѕвезди решиле да ѝ стават крај на врската, се пишува во американските медиуми.

Двојката се зближила за време на снимањето на трилерот „The Words“ по кое убавата Zoe решила да ја раскине својата свршувачка со милионерот Keith Britton со кој била во врска цели 11 години. Наводно, виновник за раскинувањето е Copper кој моментално не сакал да биде во врска, и во моментов повеќе му одговарало да бидат само пријатели.

Пријателите велат дека тие се создадени еден за друг, но дека за жал, се сретнале во погрешно време од нивните животи.

Напиши коментар