Актерот Бред Пит изјавил за медиумите дека е можно, за многу крато време да заплови во брачните води со својата партнерка Анџелина Џоли. Овој славен пар со години тврдеше дека нема да се венча, сè додека сите луѓе на светот не го добијат истото право, поддржувајќи ја така борбата за легализација на истополни бракови.
Но, се чини дека на Бред не му се чека уште долго.
– Ние навистина сакаме да се венчаме. Знам дека изјавивме дека ќе чекаме сè додека сите добијат право на брак, но сега мислам дека нема да издржиме уште многу долго, – биле зборовите на актерот.
Оваа година почна добро за Бред Пит. Номиниран е за Оскар за улогата во филмот „Играта на победникот“.
