Како кралот и кралицата на матурската вечер, на доделувањето на Оскарите се појави можеби и најочекуваниот пар, Бред Пит и Анџелина Џоли… и нејзините нозе.
Иако пристигнаа меѓу последните на црвениот тепих, присутните секако имаа право и вредеше што толку чекале. И се знае дека црешата доаѓа на врвот на тортата!
Инаку, Анџелина беше еден од презентерите на вечерта, а Бред Пит беше номиниран за најдобар актер за улогата во филмот „Moneyball“, што за жал ја доби французинот Жан Дежарден за улогата во немиот црно-бел филм „Уметникот“.
Што мислите вие за ова издание на Бранџелина?
Коментарите се затворени.