За време на една свеченост, познатиот холивудски пар изјавил дека најверојатно ќе се венчаат во септември, оваа година.
Иако Бред Пит (48) и Анџелина Џоли (36) изјавуваа дека нема да се венчаат сѐ додека и хомосексуалците во Америка не го добијат истото право, по неодамнешните случувања не ќе да е така.
– На децата тоа многу би им значело, па интензивно размислуваме за брак, – изјавил Бред.
Бред и Анџелина позади куќата во Франција, односно дворецот Мирамал покрај кој има и мала капела, подигаат конструкција наменета за свечената церемонија. Ова здание би требало да биде готово до септември кога двојката, најверојатно ќе стапи во брак.
