Убавина

Брчките избришете ги со мед

Знаците на старост, кои најпрво се јавуваат на лицето можно е да се отстранат на база на мед. Ова се неколку маски чија главна состојка е медот:

Чист мед

Ова е наједноставен третман кој се прави со нанесување на чист мед на лицето. Ставете една крпа во топла вода, потоа исцедете ја и ставете ја на лицето. Така ќе ви се отворат порите и хранливите состојки од медот полесно ќе навлезат во кожата. Намачкајте го лицето со мед и оставете да делува 15 до 30 минути. Измијте се со топла, а потоа и со ладна вода за да ви се затворат порите. Оваа маска користете ја еднаш неделно.

Мед и зелка

Ова звучи како чудна комбинација, но оваа маска е неверојатно добра за сувата кожа. Сварете неколку листови зелка и убаво испасирајте ги. Додајте малку мед и две лажици сок од лимон. Измешајте и нанесете од маската на лицето и вратот.

Мед и авокадо

Испасирајте авокадо и измешајте го една лажица мед. Нанесете од смесата на лицето и вратот и по 15 минути измијте се со ладна вода.

Напиши коментар